Еурофарм Работник го доби норвешкиот Филинген

Еурофарм Работник во осминафиналето до Челинџ купот ќе игра против норвешкиот Филинген Берген, беше одлуичено со денешната ждрепка во Виена со која се одредени осминафиналните двојки во ова европско натпреварување.

Во своето деби во европските купови, битолскиот тим со две победи го елиминира литванскиот Гранитас Каунас (28-24, 29-23).

Норевшкиот тим пак во претходната фаза беше поуспешен во дуелот со претставникот на БиХ, Вогошча. Во првиот натпревар на гостински терен, Норвежаниете славеа со 35-33, а шпотоа го потврдија пласманот во топ 16 и со победа во реваншот на домашен терен со 30-21.

Првиот натпревар од осминафиналето во Челинџ купот на 10-11 февруари 2018 година, Еурофарм Работник ќе го игра на домашен терен во Битола, а на реваншот седум дена подоцна ќе гостува во Норвешка.

Претставникот на Луксембург Ред Бојс Диферданж кој го предводи Данило Брестовац за противник во осминафиналето на Челинџ купот го доби рускиот Динамо-Виктор.

celindz dvojki

Се вчитува...