Крај на кошмарот: Ламела по 13 месеци се враќа на терените

Ерик Ламела мина вистински кошмар во изминатата година, откако по проблемите со повредата на колкот му се закануваше и предвремен крај на кариерата. Сепак, Аргентинецот ги надмина сите пречки, во изминатите триесетина дена тренираше со тимот и вечерва ќе го има својот камбек на терените за Тотенхем, на гостувањето против Лестер.

Минаа 13 месеци од неговиот последен официјален дуел, против Ливерпул во рамките од лига-купот на Англија, а стратегот Маурицио Покетино не го крие задоволството што конечно ќе го има Ламела на расплагање.

За сите во клубот е одлична вест што Ерик повторно ќе игра фудбал. Вчера тренираше без проблеми и сигурно ќе биде во комбинација за настап против Лестер. Периодот беше тежок за сите, но верувавме во Ламела и пресреќни сме што тој се враќа на терените“ – изјави Покетино.

Се вчитува...