Македонската кошаркарска репрезентација со две победи ги стартуваше претквалификациите за ЕП 2021, откако на триумфот во Словачка се надоврза со убедлива победа на домашен терен против Швајцарија. „Црвено-жолтите“ по две кола се осамени на врвот на табелата, а за осигурување на првото место неопходна ќе биде победа на домашен терен на мечот што ќе се игра во Скопје на 25 февруари.
„Секако дека сме задоволни, знаевме дека оваа репрезентација е поквалитетна од она што го покажа во претходните квалификации, но и дека тоа мораме да го потврдиме на терен. Го сторивме токму тоа, со одлично издание во Словачка, како и со беспрекорното второ полувреме против Швајцарија, во кои ги надминавме проблемите со кои се соочивме во првиот дел. Атмосферата повторно е позитивна, а желба на сите нас е веќе веќе во февруари да ја довршиме работата, со победа над Словачка и официјално да се пласираме во главните квалификации и воопшто да не зависиме од последното коло. Имаме квалитет за такво нешто, но мораме да одиграме на посакуваното ниво. Радува што македонската репрезентација почнува да чекори напред и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и во наредниот период“ – изјави Дамјан Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА