Екипата на Пролет продолжи серијата извонредни игри во последните два месеци, откако денеска славеше над Прилеп со 38-30 за својата седма победа во низа во рамките од ракометната Супер-лига. Скопската населба беше неосвоив аза гостите од Прилеп, со што Пролет им се реваншираше на незгодните ривали за поразот на стартот на сезоната.
Прилепчани допатуваа без неколку клучни ракометари, а скопскиот состав знаеше како да го искористи тоа, да поведе уште во првото полувреме и да го контролира резултатот до самиот крај. Џонов беше најефикасен со осум гола, браќата Василевски постигнаа по седум за победничкиот тим, додека најефикасен кај Прилеп беше Јанчев со девет погодоци.
На триумф се радуваа и ракометарите на Радовиш, кои како домаќини го совладаа Вардар јуниор со 36-27, по фуриозното прво полувреме што го добија со 19-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА