Јуп Хајнкес го доживеа првиот пораз со Баерн Минхен откако го презеде сезонава, и тоа во неговиот роден град Менхенгладбах.
Баварците загубија со 2-1 на гостувањето против Борусија во 13. коло од Бундеслигата. Домашните имаа водство и од 2-0 со головите на Торган Азае во 39. минута од пенал и Гинтер во 44. минута.
Единствено што успеаја фудбалерите на Баерн Минхен е во 74. минута преку Видал да го ублажат поразот.
Баерн Минхен со 29 бода и натаму е на врвот од табелата, но сега со само три бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг и пет бода повеќе од третопласираните Шалке 04 и Борусија Менхенгладбах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА