Даглас Коста од лето комплетно се сели во Јувентус

Италијанскиот калчолигаш Јувентус по завршувањето на сезоната ќе ја активира клаузулата за купување на Бразилецот Даглас Коста. Тој како позајмен играч настапува во дресот на „старата дама“, но Јувентус одлучи целосно да го откупи договорот од Баерн Минхен за сума од 46 милиони евра.

Баерн Минхен потврди дека Даглас Коста во јуни 2018 година и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус.

„Јувентус испрати допис во кој не извести дека ќе ја активира клаузулата за откупување на договорот на Даглас Коста“, откри Карл-Хајнц Румениге.

Даглас Коста оваа сезона игра како позајмен играч во Јувентус за сума од 6 милиони евра. Тој на 16 натпревари досега постигна еден гол и реализираше четири асистенции.

 

Се вчитува...