Македонскиот репрезентативец Бобан Стајиќ минатата седмица и официјално си замина од редовите на МЗТ Скопје, а негова следна дестинација ќе биде Куманово.
Плејмејкерот е во потрага по клуб каде ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети, откако во МЗТ голем дел од времето го мина на клупата за резерви, а разговорите со кумановци веќе се во завршна фаза и на почетокот од следната седмица би требало и официјално да го потпише договорот со оваа екипа. Интерес за овој кошаркар во последните денови искажуваа и Охрид и Гостивар, но кумановци ќе излезат како победници од трката по плејмекјерот.
Стајиќ ќе стане вториот македонски кошаркар што среде сезона од МЗТ Скопје заминува во Куманово, откако претходно тоа го стори и Адем Мекиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА