Заре Марковски со пораз го стартуваше својот ангажман како селектор на Романија, откако македонскиот стратег очекувано загуби на гостувањето против фаворитот Италија со резултат 75-70. „Аѕурите“ настапија без неколку евролигашки „ѕвезди“ и без своите најдобри играчи кои настапуваат во НБА-лигата, но и со комбинираниот состав беа пресилен ривал за избраниците на Марковски.
Домаќините целата работа ја завршија уште во првата четвртина, во која стигнаа до двоцифрена предност (26-15), позитива што потоа рутински ја одржуваа до самиот крај. Романците се приближија во самиот финиш, во последната минута стигнаа до „минус пет“, но немаа сили за целосен пресврт.
Дела Вале со 16 поени беше прв стрелец на Италија во вечерашниот триумф, додека најпрецизен во селекцијата на Заре Марковски беше Кате со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА