Тренерите од младинските репрезентации на Македонија заеднички го одбележаа успехот на селекцијата до 19 години која со максимален ефект на извонреден начин се избори за елитните квалификации за пласман на ЕП.
Селекторот на репрезентацијата до 19 години, Вујадин Станојковиќ им се заблагодари на сите колеги за максималната поддршка за време на подготовките на оваа селекција изминатите години, притоа нагласувајќи дека „златната генерација“ се уште не го кажала својот последен збор. За возврат, Станојковиќ од ФФМ доби признание за успехот со подарок за спомен од дуелите против Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн кој му го додели координаторот на младинските селекции при ФФМ, Зоран Стратев.
„Навистина сакам да се заблагодарам на сите со кои заедно работиме за развојот на младите репрезентативни селекции, но и на раководството на ФФМ кое како никогаш досега во историјата овозможува идеални услови за работа на младинските селекции“ – истакна на заедничката дружба легендата на македонскиот фудбал Вујадин Станојковиќ.
На средбата на тренерите од младите репрезентации, покрај координаторот Зоран Стратев беа и директорот на македонските селекции Саша Ќириќ, како и останатите селектори и тренери во младите селекции, Звонко Златановски, Горан Станиќ, Марио Вујовиќ, Добринко Илиевски, Неџат Шабани, Љупчо Кметовски, Зоран Мицевски,…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА