Македонската репрезентација со триумф ги стартуваше претквалификациите за ЕП 2021, а веќе в недела избраниците на Јорданчо Давитков го играат и првиот домашен натпревар, против Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.
Со цел да им се овозможи што поголема поддршка, раководството на МКФ донесе одлука влезот на овој натпревар да биде бесплатен.
Во периодот кога репрезентативната кошарка се наоѓа во сериозна криза, јасно е дека поддршката ќе биде добредојдена за националниот тим да се врати на победнички патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА