Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара се повреди на синоќешниот натпревар против Андерлехт во Лигата на шампионите.
Алкантара од игра мораше да излезе пред крајот на првото полувреме поради повреда на мускулот од десната нога. По првите прегледи, за жал, се работи за потешка повреда поради која ќе мора да отсуствува најмалку три месеци…
„Тиаго заработи потешка повреда поради која неколку месеци ќе мора да биде надвор од терените“ – изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.
Баерн синоќа славеше со 2-1 против Андерлехт па теоретски се уште има шанси за првото место во групата. Во последното коло ќе мора да го победи ПСЖ пред своите навивачи со повеќе од три гола ако го сака првото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА