Реал Мадрид синоќа го декласираше АПОЕЛ со 0-6 во Лигата на шампионите, а ѕвезда на вечерта беше Кристијано Роналдо кој со два гола дојде до 18 погодоци во календарската година, и со 98 гола стана фудбалер со најголем број голови за еден клуб во Лигата на шампионите.
Иако сруши нови рекорди, сепак Португалецот на беше расположен за приказни. Одби да даде изјава, само нафрлувајќи пред медиумите…
„Ви кажувам едно, а вие пишувате сосема нешто друго. Зошто тогаш ме прашувате?“ – им се обрати Роналдо новинарите и повеќе никој ништо не го праша.
Шпанските медиуми изминативе денови постојано пишуваа за наводниот судир меѓу Роналдо и Серхио Рамос што во голема мера го налути португалскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА