Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија (У20) во квалификациите за СП 2018 (У20) во Унгарија ќе игра во Групата 4, заедно со селекциите на Германија, Исланд и на Литванија.
Со денешната ждрепка во Виена беа одредени седумте европски квалификациски групи. Квалифиакциските натпревари ќе се одиграат од 23 до 25 мај 2018 година, а домаќините на групите ќе бидат дополнително одредени.
Од групите 1 и 2 пласман на СП ќе обезбедат првите две репрезентации, а од останатите квaлификациски групи, меѓу кои и групата 4 во која ќе игра Македонија, место на СП 2018 обезбедуваат само првопласираните репрезентации.
Директен пласман на СП имаат Франција, Русија и Данска, првите три репрезентации на ЕП 2017 (У19) и Унгарија како домаќин на шампионатот.
Светското првенство за ракометарки до 20 години ќе се одржи од 1 до 15 јули 2018 година во Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА