Касим Каменица не е повеќе тренер на ППД Загреб. По серијата лоши резултати и последниот пораз во ЛШ од Нант, Каменица доби отказ на тренерското место на клупата на хрватскиот шампион на која дојде пред неколку месеци од битолски Пелистер.
На клупата на ППД Загреб, Каменица ќе го наследи Златко Сарачевиќ кој моментно ја извршува функцијата помошник тренер во ракометната репрезентација на Хрватска.
За потсетување, ракометарите на ППД Загрев во осум одиграни натпревари во групата А од ЛШ имаат освоено само два бода и тоа во две нерешени средби, без победа со дури шест порази и моментно се на последното место во групата која на врвот ја предводи Вардар со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА