АТП листа – Надал на врвот, Димитров влезе во „големата тројка“

По завршниот Мастерс турнир во Лондон познат е финалниот изглед на АТП листата на најдобрите тенисери за 2017 година.

Титулата прв светски рекет веќе од претходно ја обезбеди Шпанецот Рафаел Нандал со 10.640 бода. По повлекувањето од турнирот во Лондон, Надал ја намали предноста во однос на Роже Федерер. Швајцарецот заврши на втората позиција со 10.40 бода помалку од Надал.

Најголем успех во однос на претходната сезона бележи Бугаринот Григор Димитров кој за прв пат во кериерата влезе во „големата тројка“ на врвот на АТП листата. Димитров по триумфот на завршниот Мастерс во лондон, напредуваше за три позиции и зад себе ги остави Александар Зверев, Доминик Тим и Марин Чилиќ.

По едно место погоре на АТП листата напредуваа Давид Гофин и Џек Сок кои го престигнаа Стан Вавринка, а листата на првите десет тенисери во светот ја затвора Пабло Карењо Буста.

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ,2017 година ја завршува на 12.позиција на АТП листата.

Се вчитува...