Григор Димитров е новиот шампион на завршниот турнир во Лондон, откако вечерва во големото финале го совлада Давид Гофан. За разлика од првиот меѓусебен дуел во групната фаза, овојпат Димитров наиде на далеку посериозен отпор од белгискиот тенисер, но сепак успеа да најде начин да триумфира и да се закити со својата прва титула на АТП шампионатите.
Гофан беше тенисерот што прв направи брејк во раната фаза од првиот сет, но Димитров се врати, најпрвин израмни на 4-4, а потоа со нов брејк стигна до 7-5. Белгиецот не се предаде, продолжи со добра игра, а потоа искористи момент на слабост на бугарскиот тенисер и го доби вториот сет со 6-4. Годан својата шанса за целосен пресврт ја пропушти во првиот гејм од третиот сет, кога не искористи три брејк шанси. Димитров преживеа, а потоа доби на самодоверба, направи брејк при водство од 3-2 и на крајот заслужено славеше со конечни 6-3, за најголемиот успех во неговата кариера.
Со овој триумф, Димитров воедно се искачи и на третото место на АТП-листатата, прескокнувајќи ги Алекс Зверев и Марин Чилиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА