Нант и Загреб одиграа неповторлив натпревар во кој по голема битка славеше тимот на нашиот Кире Лазаров со минимални 28-27.
Францускиот тим поведе со 27-26 на помалку од триесет секунди до крајот, по што Касим Каменица побара тајмаут. Загреб тргна „седум на шест“ и постигна гол преку Вуглач, но тоа малку им вредеше на гостите бидејќи Нант експресно реагираше и постигна гол од центар во празната мрежа, бидејќи Скок не се врати навреме на теренот.
И тоа не беше се, Загреб имаше доволно време за уште еден напад и чист шут, но Думулан го запре зицерот на гостите и донесе огромна радост меѓу домашните фанови и ракометари.
What! A! Finish! Watch these incredible scenes as @HBCNantes carve out a one-goal win over @RKZagreb in the #veluxehfcl tonight. pic.twitter.com/GspLicPNDD
— EHF Champions League (@ehfcl) November 19, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА