Македонскиот репрезентативен центар Љубомир Младеновски продолжува со одличните игри во Словенија, откако летово реши да си замине од МЗТ Скопје и потпиша договор со екипата на Илирија. Тој имаше дополнителна мотивација на дуелот со Златорог Лашко, чиј тренер Алеш Пипан своевремено не му даде шанса во дресот на „металците“. Младеновски ги израмни сметките со одличен настап, остварувајќи дабл-дабл од 20 поени и 11 скокови за само 23 минути игра, во убедливата победа на Илирија од 75-66.
Одличната форма на младиот центар е супер вест и за селекторот Јорданчо Давитков, кому ќе му биде неопходно Младеновски да продолжи во ист стил и во репрезентативниот дрес на првите две средби од претквалификациите за ЕП 2021, против Словачка и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА