Тимот на Шкупи ја оствари првата победа во Првата лига на Македонија за оваа сезона, откако во Чаир пред свои навивачи ги совлада гостите од Карпош со резултат 86-77. Соколите на овој меч настапија со само осум кошаркари меѓу кои Николовски не заира ниту една секунда, а во составот недостасуваа Џејлон Браун и Тад Мекфејден, со финансиските проблеми кои ги имаат од стартот на сезоната, лошите резултати продолжуваат да се нижат за македонскиот вицешампион.
Шкупи можеби го оствари најдобриот старт на една средба за оваа сезона, веќе по првите 10 минути имаа предност која не ветуваше ништо во тие мигови, но побуди надеж и додатен мотив кај домашните кошаркари за надигрување со освојувачот на македонскиот Куп од минатата сезона. Добрата игра ја продолжија чаирчани и во продолжението од првото полувреме, а на паузата заминаа со предност од 49-42.
Карпош се обидуваше да ја одржи неизвесноста на мечот, но токму во третиот период Шкупи стигна и до највисоката предност од +13, но во завршните 10 минути соколите направија 8-0 на почетокот од четвртината, па јасно беше дека ќе има „војна“ до последна секунда. Соколите на две минути до крајот израмнија на 77-77, но со тројката на Ристов и слободните фрлања кои ги реализираше Херис во последната минута, Шкупи обезбеди голем триумф со резултат од 8-77, дебитантнски во оваа сезона.
Џејмс Мујеке ги предводеше чаирчани со 31 поен, додека Херис и Тејлор постигнаа по 20 , односно 18 поени. Во екипата на Карпош Дарко Соколов беше најрасположен, забележа импресивни 27 поени, додека Чомагиќ и Лабовиќ имаа дабл-дабл учинок со 18 поени и 10 скока , односно 10 поени и 14 скока, а Ѓуровски заврши со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА