Иван Лендл повеќе не е тренер на Енди Мареј, откако двајцата донеле заедничка одлука за прекин на соработката, беше објавено преку соопштение на официјалната веб-страница на британскиот тенисер. Мареј ги освои своите три гранслем титули под водство на овој тренер, поради што ја обнови соработката и повторно почна да работи со Лендл во јуни 2016, но незгодната повреда на колкот придонесе Британецот да не биде на посакуваното ниво на поголем дел од турнирите годинава.
Енди Мареј продолжува со својата рехабилитациска програма во Мајами, во надеж дека ќе биде 100% подготвен за настап на Австралија опен.
„Тренирам напорно, можеби беше грешка што се обидував да бидам „фит“ за УС Опен, но тоа беше последниот гранслем турнир за годинава и искрено сакав да играм на него. Некои денови се чувствувам супер, некои тешко се движам, па јасно е дека се уште не сум „фит“ за настап“ – изјави Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА