Болидот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер во последен пат победи на Големата награда на Монако продаден е на аукција за неверојатни 7,5 милиони долари.
Аукцијата беше одржана во Њујорк. Стручните лица предвидуваа дека болидот може да достигне максимална цена од 4 милиони долари, но проценката се покажа неточна затоа што болидот беше продаден речиси за двојно повеќе од првичното предвидување.
Болидот најпрво беше понуден на аукција во Хонг Конг на 6. ноември по цена од 3,4 милиони долари, за да вчера на првото претставување во Њујорк веднаш е продаден за неверојатни 7,5 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА