Давид Гофан е последниот полуфиналист на АТП шампионатот во Лондон откако белгискиот тенисер во клучниот дуел славеше над Доминик Тием со 2-0 во сетови, освојувајќи го второто место во својата група зад Григор Димитров.
Белгиецот експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Димитров, целосно доминираше на мечот со Тием и триумфираше со убедливи 6-4, 6-1.
Гофан, кој во првото коло го совлада првиот носител Рафаел Надал, за противник во полуфиналето ќе го има Роџер Федерер. Во втората полуфинална пресметка Григор Димитров ќе се сретне со Џек Сок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА