Ужасни временски услови ја парализираа Атина, а проблемите со поплавите ги почувствуваа и Перо Антиќ и останатите кошаркари на Црвена Звезда пред вечерашниот меч од Евролигата против Олимпијакос кој стартува од 20 часот.
Возењето на тимот на Душан Алимпијевиќ по враќањето од синоќешниот тренинг воопшто не беше пријатно, откако автобусот се најде во колона и повеќе од 30 сантиметри длабока „река“ по улиците на Атина.
Atina … povratak sa treninga ?⚪️?⚪️ pic.twitter.com/XX2A2pfW9H
— vuk nikša (@davorristovic) November 16, 2017
Во Атина досега, поради поплавите, дури 15 лица го загубија животот, па денешниот дуел меѓу Олимпијакос и Црвена Звезда ќе почне со една минута молчење во чест на загинатите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА