Вардар во победничка серија в сабота во „Јане Сандански“ (17.30 ч.) го пречекува Рајн Некар Левен во мечот на неделата во Лигата на шампионите. Германскиот шампион има два бода помалку од Вардар на втората позиција на табелата во А групата. Зеедно со вардар, Рајн Некар Левен е втората непоразена екипа по првите седум кола од групната фаза во ЛШ и единствен што може да ја загрози лидерската позиција на македонскиот шампион во наредните два меќусебни дуели, првиот во Скопје, и вториот следната недела во Манхајм.
„Ќе играме против шампионот на Германија, очекувам тежок и чуден натпревар. Чуден бидејќи тие имаат секогаш непријатна тактика „7 на 6“, затоа нашата одбрана треба да биде многу подобра. Имаат навистина добри играчи од кои се очекува многу. Многу нешта зависат од тоа како ќе одигра Енди Шмид, тој има добра сезона и од него ќе зависи играта на Рајн Некар Левен. Се надевам дека салата ќе биде исполнета до последното место бидејќи ни требаат навивачите. Сега сме први на табелата и сакаме така да остане до крај“ – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
За саботниот меч против Рајн Некар Левен во составот на Вардар најверојатно ќе го нема средниот бек Лука Циндриќ.
„Лука Циндриќ може да игра, но мислам дека нема да биде подготвен бидејќи му треба тренажен процес од седум дена и ние нема да ризикуваме бидејќи екипата е во одлична форма“ – информираше Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА