По поразот од Пелистер во градското дерби, ракометарите на Еурофарм Работник се рехабилитираа на гостувањето во Скопје. Во натпреварот од . Во натпреварот од 9.коло во Супер лигата, битолскиот тим славеше против Вардар јуниор со 17-24 (12-12).
Решавачката предност избраниците на тренерот Илија Темелковски ја направија во второто полувреме кога поведоа со 14-20, а потоа ја сочуваа позитивата до крај.
Најефикасен во составот на Еурофарм Работник беше Стефан Дрогришки со пест гола, по четири постигнаа Дејан Пецаковски и Гоце Ојлески.
Овој триумф за ракометарите на Еурофарм Работник беше добро загревање и подигнување на самодовербата пред европското деби вотретото коло од Челинџ купот што ги очекува в сабота во Битола против литванскиот претставник Гранитас Карис.
Резултати 9.коло:
Вардар јуниор – Еурофарм Работник 17-24
Борец – Металург 2 38-32
Прилеп – Радовиш 26-26
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА