Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е најсериозниот кандидат за наследник на Џампјеро Вентура на клупата на „аѕурите“. По дебаклот што им се случи, откако не успеаја да се пласираат на СП во Русија, Италијанците размислуваат кој би можел да биде реформаторот на националниот тим. Засега најголем дел од анкетите во медиумите покажуваат дека Карло Анчелоти е вистинскиот избор за нов селектор.
Вентура се уште официјално нема поднесено оставка на селекторската позиција, но повеќе од јасно е дека нема да продолжи да работи со националниот тим. Се чека само денот кога ќе биде официјализирана разделбата, а заверена со спогодбен раскин на договорот.
Анчелоти е без ангажман откако си замина од Баерн Минхен, а досега имаше понуди од Кина, кои реши да не ги прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА