Легендарниот француски напаѓач Жан-Пјер Папен во интервју за германски „Билд“ открива дека фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, на крајот од сезоната ќе ја заврши својата кариера. Тој има големи проблеми со повредите и никако не може да се врати во натпреварувачки ритам, па Папен вели дека тоа ќе биде пресуден фактор за Рибери да одлучи да стави крај на кариерата.
Покрај тоа, неговиот договор со Баерн Минхен истекува токму во јуни, и малку веројатно е дека Рибери ќе се сложи да замине во некој друг клуб, иако има понуди од Кина и од МЛС – лигата на САД.
„Франк Рибери ќе стави крај на својата кариера по завршувањето на оваа сезона. Верувам дека нема да се одлучи да настапува во некој помалку познат клуб по истекот на договорот со Баерн Минхен. Според мене, тој е калибар што германскиот првак треба да го искористи и во поинакви цели, како дел од раководната структура. Сепак, на „Алијанц арена“ помина повеќе од една деценија“, истакнува Папен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА