Четворица фудбалери на ПСЖ добија принови во своите семејства во последниве две недели, но интересен е фактот што децата на Пасторе, Маркињос, Ди Марија и Мура пристигнаа на овој свет девец месеци по триумфот над Барселона со 4-0.
Вечерта се славеше насекаде низ Париз, но во реваншот Барселона успеа да направи историски пресврт со 6-1 на „Камп Ноу“, и ги елиминираше „светците“ во нокаут фазата од ЛШ. Иако елиминацијата е големо разочарување, новите членови во семејствата на овие фудбалери се и повеќе од утеха, поголем подарок од секој трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА