Серијата слаби игри на Струмица ја остави оваа екипа закопана на дното на табелата, заедно со Шкупи како единствени два тима без ниту еден триумф во првите шест кола од домашното првенство. Последниот неуспех, на дуелот со Кожув, беше причина да дојде и до тренерска смена во таборот на струмичани откако грчкиот стратег Власис Влаикидис си поднесе оставка од функцијата.
Во ситуација на ограничен буџет и недоволно квалитетен ростер, раководството на клубот за нов шеф на стручниот штаб го именуваше досегашниот асистент на Влаикидис, Васко Атанасов, млад стратег со ФИБА-лиценца кој претходно има работено и во Молдавија, како тренер на екипата на Адмиралс.
Атанасов ќе дебитира како прв тренер на Струмица на дуелот од седмото коло во домашното првенство, на гостувањето во Битола против Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА