Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со убедливи 0-4 од Австрија на арената „Филип Втори“ во Скопје, по што е повеќе од очигледно дека оваа генерација не може да се бори за првите позиции во групата и да го повтори успехот на минатата, која оствари историски настап на ЕП. Причините се евидентни, нема таков квалитетот меѓу избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Токму затоа, селекторот најави и коренити промени во селекцијата, затоа што голем дел од фудбалерите не можат да одговорат на предизвикот и товарот што го носат настапите во младата репрезентација до 21 година.
„После пораз од 0-4, нема што многу да се каже. Честитки за победата на Австрија, а ние имаме големи проблеми. Одговорноста за резултатите е моја, а јас можам да најавам дека ќе има големи промени и дека ќе почнеме со селектирање на нови фудбалери, веќе од март. Очигледно е дека поголем дел од овие фудбалери не можат да се носат со предизвикот и да одговорат на барањата што ги бара репрезентацијата до 21 година, посебно по успесите што ги оствари минатата генерација“, изјави Благоја Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА