Легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс ќе биде советник на фудбалската академија на Виетнам. Поранешниот велшки репрезентативец ќе биде на функцијата во следните две години, иако работата не е со целосно работно време, Гигс ќе мора да ја посетува академијата повеќе пати во текот на годината.
По завршувањето на фудбалската кариера, Гигс го пренасочи своето фудбалско знаење во тренерска кариера, беше на чело на струшниот штаб на Јунајтед на извесно време, по отказот на Мојес во 2014 година. 43-годишниот стратег беше поврзуван со превземање на клупата на Лестер и Евертон, но „лисиците“ сега ги предводи Клод Пуел, додека „карамелите“ се уште се во потрага по нов менаџер.
Неговиот поранешен партнер од тимот на Јунајтед, Пол Сколс исто така е поврзуван со одредена функција во виетнамската академија, а овој викенд и двајцата ќе присуствуваат на официјалното отворање на новиот фудбалски проект.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА