Новиот тренер на Џенова, Давиде Балардини, откри дека баражот меѓу Италија и Шведска донел и раздор во неговото семејство. Тој е оженет за Швеѓанка, па вели дека не и прави муабет на сопругата откако Шваѓаните победија со 1-0 во првиот меч од баражот.
„Од петокот не разговарам со сопругата. А таа ми вели, што е, се исплашивте од Шведска?“, открива Балардини за италијанските медиуми.
Вечерва во Милано е реваншот, па Балардини се надева дека Италија ќе возврати и ќе го зададе конечниот удар за пласман на Светското првенство во Русија. Швеѓаните по првиот натпревар имаат предност од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА