Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утре, со почеток во 13 часот, го игра следниот квалификациски натпревар, а ривал е селекцијата на Австрија. По срамот со Гибралтар, ова е убава можност за младите фудбалери да покажат дека тоа беше само слаб ден, и да им се вратат на победите. Нема да биде лесно, но Австрија е добро анализирана.
„Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание“, вели селекторот Благоја Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА