Македонската фудбалска репрезентативка Ели Јаковска имаше одличен старт во дресот на Бешикташ, откако веќе на првиот натпревар за новиот клуб таа успеа да се запише меѓу стрелците.
Бешикташ на стартот од сезоната во турското првенство гостуваше на Амед Спортиф и триумфираше со убедливи 0-5, а Јаковска го постигна вториот гол за својата екипа.
Оваа фудбалерка лани настапуваше за српскиот првак Спартак Суботица, каде добрите игри и донесоа трансфер во редовите на Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА