И со Олимпија иста приказна: Шести пораз за МЗТ во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје го запишаа и шестиот пораз во АБА лигата, овој пат на гостувањето против Олимпија во Љубљана. „Металците“ загубија со 94-85 во 8. коло од регионалната лига, останувајќи на претходните две победи.

Во арената „Стожице“ во првото полувреме се играше максимално рамноправно иако домашните постојано одржуваа одредена предност од два до четири поени. Сепак, со тројката на Мајсторовиќ буквално со сирената МЗТ Скопје на одмор замина само со поен негатива (43-42).

Во вториот дел домашните тргнаа далеку поагресивно, па третиот период го добија со 30-24 со што далеку покомотно се впуштија во финишот од мечот носени од желбата за триумф.

Македонскиот шампион на три минути пред крајот дојде до 84-83, за да во финишот токму кога се мислеше дека „металците“ ќе имаат сили за пресврт, по многу грешки на македонските кошаркари, домашните повторно се одлепија до 88-83 и на крајот со неверојатна серија во последните 100 секунди од 10-2 и дури и за убедливи 94-85.

mzt olimpija 3

Предводник во победата на Олимпија беше Морган со 20 поени, а Хроват запиша 16 поени. Кај МЗТ Скопје се издвои Мавра со 21 поен, дополнето и со 4 асистенции, 14 поени постигна Дамјан Стојановски, со 13 поени мечот го заврши Лалиќ а со 12 поени – Павличевиќ.

mzt olimpija 2

На 19. ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, „металците“ го пречекуваат црногорскиот Будуќност во рамките на 9. коло од АБА лигата.

Се вчитува...