Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова повторно беше стрелец за Барселона, овој пат во убедливата победа од 7-0 (3-0) против Мадрид во 9. коло од најсилната шпанска лига.
Андонова погоди во 35. минута за водство од 3-0 во тие моменти на натпреварот.
Ова е втор гол за македонската фудбалерка сезонава во Шпанија, во шесттиот натпревар за Барселона која по девет кола со 25 бода е на врвот од табелата, заедно со Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА