Челинџ куп – Кумановки поразени од Лублин со 41 гол разлика!

Ракометарките на Куманово нема да го паметат по добро својот прв настап на европска сцена. Во првиот натпревар од третото коло во Челинџ купот, Кумановски беа поразени од полскиот Лублин со 54 -13 и практично веќе го завршија настапот иако формално, утре на теренот на противникот треба да го одиграат вториот натпревар од овој дуел.

Катастрофата беше на повидок уште на стартот од натпреварот. кумановки тешко до голот на Лублин и за 30 минути постигнаа само четири гола, а примија 24! Во продолжението домашните ракометарки успеаја да постигнат уште 30 гола и да забележат една од најубедливите победи во европските купови.

Две ракометарки на полскиот тим постигнаа по 12 погодоци – Малгоржата Рола и Дагмара Ночун. Во составот на Куманово Викторија Пеовска постигна пет, а Александра Боризовска четири гола.

Вториот натпревар со Лублин, ракометарките на Куманово го играат утре со почеток во 18 часот.

Се вчитува...