Кошаркарите на Голден стејт во Оукленд ја „разбија“ Филаделфија со 135-114 во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата.
Пресудна за триумфот на Воините беше третата четвртина во која постигнаа 36 поени, додека гостите постигнаа само 21 поен. Победничкиот тим беше предводен од Кевин Дурант со 29 поени, додека во редовите на Филаделфија, Редик запиша 17 поени.
Кливленд, по поразот од Хјустон, славеше на гостувањето против Далас со 104-111. По израмнетото прво полувреме и тука пресуди третата четвртина во која се направи разликата. Кај Кливленд најмногу поени постигна Кевин Лав – 29, додека кај домаќинот Харисон Барнс броеше до 23.
Кошаркарите на Хјустон стигнаа до лесна победа против Мемфис од 111-96. Џејмс Харден за домашните постигна 38 поени, додека кај гостите најдобар беше Тајрик Еванс со 22 поени.
Њујорк никс до убедливата победа над Сакраменто од 118-91 беше предводен од Кристапс Порзингис кој постигна 34 поени.
Њу Орлеанс, пак, во интересен меч славеа против ЛА Клиперс со 103-111. Најдобар поединец кај победниците беше ДеМаркус Казинс со 35 поени, додека Клиперси беа предводени од Блејк Грифин со 26 постигнати поени. Вашингтон, пак, славеше против Атланта со 113-94 предводен од Бредли Бил со 19 поени, додека на спротивната страна Тарон Принц броеше до 19.
Во останатите синоќешни мечеви: Милвоки – ЛА Лејкерс 98-90, Сан Антонио – Чикаго 133-94, Феникс – Минесота 118-110, Јута – Бруклин 114-106, Денвер – Орландо 125-107.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА