„Фуријата“ фуриозно против Костарика

Фудбалската репрезентација на Шпанија, која го освои првото место во нашата квалификациска група за пласман на СП, уште еднаш ја покажа својата моќ и на пријателскиот меч против Костарика во Малага. Костариканците со пет гола (5-0) во својата мрежа си заминаа дома, а избраниците на Хулен Лопетеги беа апсолутно супериорни во секој поглед.

Жорди Алба го отвори резултатот на овој меч, а Алваро Мората зголеми на 2-0. Во вториот дел, Давид Силва постигна два гола, а серијата голови ја заокружи Андрес Иниеста.

Се вчитува...