Марин Докузовски јасно стави до знаење дека за битка за титулата неопходно ќе биде уште некое засилување, но со изданието што денеска неговите избраници го прикажаа против Блокотехна – Работнички јасно стави до знаење дека поседува потенцијал за да се вмеша во битката за трофеите.
Веќе нема шега, составен е спој од искусни домашни играчи и квалитетни странци, кои со додавање на двајца до тројца нови кошаркари (нешто што се очекува да се случи до крајот на годинава), Работнички ќе има тим способен да го симне МЗТ Скопје од тронот на македонската кошарка.
Блокотехна дојде во „Градски парк“ без пораз, но немаше лек за одбраната на „доктор Докузовски“, која функционираше беспрекорно. Амбициозниот состав од Гевгелија сигурно ќе извлече поуки од денешниот пораз и ќе ги поправи пропустите за во иднина, но вечерашниот меч беше многу повеќе демонстрација на моќ на Работнички, отколку слабост на гостите.
[new_royalslider id=”846″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА