Македонија во четвртиот меѓусебен натпревар во историјата стигна до првата победа против Норвежаните. Триумфот од 2-0 на „Филип Втори“ е петти во успешната 2017 година за македонскиот репрезентативен фудбал.
Селекцијата на Игор Ангеловски изминатава година од девет одиграни натпревари запиша 5 победи (Лихтенштајн во два наврати, Белорусија, Израел и Норвешка), три ремија (Турција, Албанија и Италија) и само еден пораз (1-2) од Шпанија во квалификациите за СП 2018. Сето тоа како навестување на желбата за конечно во 2018 година успешните игри да донесат и со резултатска успешност во следниот квалификациски циклус…
[new_royalslider id=”845″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА