Ангеловски: Македонија треба да се радува за тоа што се случува во фудбалот!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го криеше задоволството од начинот на кој националниот тим ја заврши 2017 година. Со триумф над Норвешка, за заокружување на изминативе 12 месеци со пет победи, три ремија и само еден пораз од Шпанија…

„Задоволен сум од настапот на сите фудбалери. Сите искрени љубители на фудбалот мора да ги радува тоа што се случува во македонскиот фудбал, како на репрезентативен, така и на клупски план. Сега можеме да се надеваме дека во блиска иднина може да размислуваме и за настап на едно големо натпреварување. Тоа што го работиме се покажа како исправно и ќе продолжиме во ист стил и во 2018 година“ – рече македонскиот селектор генерално осврнувајќи се на 2017 година, притоа дополнувајќи и околу денешниот натпревар со Норвежаните.

„Што се однесува до мечот, мислам дека заслужено победивме. Имавме повеќе шанси, погодивме двапати, можевме и повеќе со подобра реализација. Норвешка имаше дирек во првиот дел и уште еден обид во второто полувреме. Мислам дека во сите сегменти бевме подобар ривал“ – истакна Ангеловски.

Се вчитува...