Слободан Суботиќ повеќе не е шеф на стручниот штаб на Цибона откако словенечкиот стратег си замина од хрватскиот клуб. Прекинот на соработката е спогодбен, откако Цибона на поразот во АБА од Задар (78-80) се надоврза со пораз од аутсајдерот во хрватското првенство Хермес (83-92), а Суботиќ во меѓувреме влезе во конфликт и со еден од лидерите на тимот, искусниот Лука Жориќ.
„Кога видов дека не можам ништо да променам, дека тимот не го работи она што го барам, решив да не останам овде и да седам на клупата само поради платата и договорот. Се обидував да ја одржувам дисциплината, но не одеше, па подобро е вака, откоолку агонијата во Цибона да продолжи“ – изјави Суботиќ.
Раководството на Цибона најави дека во најскоро време ќе го објави името на новиот тренер. Хрватскиот тим по првите осум кола во АБА-лигата има скор од три победи и пет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА