Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години со извонредна победа од 2-1 против првиот фаворит Белгија, обезбеди место во елитните квалификации на УЕФА за пласман на ЕП кои ќе се играат пролетта следната година.
Македонија, по победите над Белгија и Швајцарија, веќе е меѓу 28 најдобри европски репрезентации во оваа категорија кои на пролет ќе разигруваат во седум групи по четири селекции за пласман на ЕП. Првопласираните селекции од седумте групи ќе играат на Европското првенство заедно со домаќинот.
Селекцијата на Вујадин Станојковиќ пласманот во елитните квалификации го обезбеди со голот од пенал на Јани Атанасов во 85. минута за победа од 2-1 против Белгијците…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА