Поранешната голманка на фудбалската репрезентација на САД, Хоуп Соло (36), јавно објави дека била сексуално вознемирена од Сеп Блатер, поранешниот претседател на ФИФА. Оваа скандалозна случка се случила додека тој се уште беше прв човек на светскиот фудбал, и тоа за време на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ во јануари 2013 година.
„Сеп Блатер сексуално ме нападна и ме зграпчи за задникот. Тоа се случи на доделувањето на „Златната топка“ во 2013 година, непосредно пред се појавам на сцената и да и ја дадам наградата на Аби. Бев потполно во шок, го оттурнав и се искачив на сцената, а потоа морав да се смешкам, затоа што во мене беа вперени камерите. Сексуалното вознемирување е присутно и во спортот, и ние не треба да молчиме за тоа“, изјави Хоуп Соло.
Сеп Блатер (81) преку својот портпарол ги негираше ваквите обвинувања.
„Би сакале да истакнеме дека таквите обвинувања се смешни“, истакна портпаролот на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА