Англија и Германија одиграа натпревар без голови на пријателскиот дуел на „Вембли“ во Лондон.
Едни од најдобрите светски селекции не прикажаа фудбал за паметење, ако се исклучат можеби првите 20 минути на средбата кога беа создадени и главно најдобрите неколку можности за погодок. Но, уште во 2. минута не погодија Вернер за Германија односно Трипие за Англија, кој имаше одлична можност. Лирој Сане имаше две шанси за Германија во 21. и во 24. минута кои не ги искористи, за да потоа мирен натпревар остане се до самиот крај.
Франција, пак, славеше против Велс со 2-0. Стрелци на головите за Французите беа Гризман во 18. минута и Гиру во 71. минута.
Од останатите пријателски натпревари вечерва, за издвојување е ремито со шест гола (3-3) меѓу Белгија и Мексико, додека Полска и Уругвај одиграа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА