Панатинаикос ја доби грчката пресметка во шестата рунда натпревари од Евролигата, славејќи против Олимпијакос со 62-70.
„Зелените“ го изненадија лутиот ривал пред неговите навивачи нанесувајќи му го вториот пораз (наспроти и четири победи) во досегашните натпревари од најквалитетното европско клупско натпреварување.
Предводници во триумфот на Панатинаикос беа Гист со 15 поени и 6 скока, Лекавичиус мечот го заврши со 14 поени, а Риверс со 12 поени зад своето име. Кај Олимпијакос се издвои Стрелниекс со 18 поени.
?? Oh le superbe floater de Lekavicius ? Quel shoot ! Le Panathinaikos tout proche de l’exploit sur le parquet de son ennemi juré, l’Olympiakos ? #Euroligue pic.twitter.com/aSGylPY52I
— SFR Sport (@SFR_Sport) November 10, 2017
Фенербахче го декласираше Бамберг со 57-80, стигнувајќи до својата петта победа во седмиот натпревар во Евролигата.
Во тоталната доминација на Турците, пет кошаркари имаа двоцифрен ефект од кои најефикасен беше Јан Весели со 15 поени, а Луиџи Датоме мечот го заврши со 12 поени и пет скока. Кај домашните најдобар беше Рубит со 20 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА