Резултатската криза на Кливленд кавалирс се продлабочи со новиот пораз на актуелните вицешампиони, овојпат на гостувањето против Хјустон (117-113). Леброн Џејмс и соиграчите не успеаја да најдат начин да го неутрализираат Џејмс Харден, кој беше незапирлив реализирајќи трипл-дабл од 35 поени, 13 асистенции и 11 скокови. Предводени од Џејмс гостите со серија од 12-1 успеаја да се вратат за да се влезе во неизвесна завршница во последната минута, но тогаш „ракетите“ како „џокер“ го имаа Клинт Капела, кој два пати беше прецизен од поле во последните 60 секунди и му ја донесе петтата победа во низа на тимот на Хјустон. Капела го заврши натпреварот со 19 поени, 13 скока и четири блокади, додека кај Кливленд повторно главен играч беше Леброн Џејмс со 33 поени.
Најнеизвесно беше во Сакраменто, каде домашниот тим по голема битка славеше со 109-108 над Филаделфија, прекинувајќи ја серијата од пет победи на гостинскиот тим. Фокс ги постигна поените за победа на дванаесет секунди до крајот, а Ембилд го промаши шутот што можеше да донесе триумф на Филаделфија со звукот на сирената.
Кармело Ентони постигна 28 поени на враќањето во градот каде ја почна својата НБА-кариера, но неговите Оклахома сити тандер сепак претрпеа пораз од Денвер со резултат 102-94. Клучен играч во триумфот на нагетси беше Емануел Мудиај, кој десет од своите 21 поен ги постигна во последната четвртина.
Резултати НБА:
Вашингтон – ЛА лејкерс 111-95, Торонто – Њу Орлеанс 122-128, Хјустон – Кливленд 117-113, Сакраменто – Филаделфија 109-108, Денвер – Оклахома сити 102-94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА