Речиси четири години по страшната несреќа на Михаел Шумахер, јавноста нема подетални информации околу здравствената состојба на легендарниот Ф1 шампион. Семејството на Шумахер добро крие од очите на јавноста што се случување зад ѕидовите на куќата во Швајцарија, каде тој е сместен од напуштањето на болницата во Франција.
И додека голем дел од прогнозите се „црни“, зрак на оптимизам дава последната изјава на еден пријател на семејството Шумахер, кој за германскиот весник „Бунте“ откри детали со кои ги израдува бројните фанови на Германецот.
„Опоравувањето на Шумахер оди во добар правец, со оглед на сите околности, и тоа благодарение на неговата атлетска градба и издржливоста на неговото тело. Корина и децата се уште веруваат дека може да се случи медицинско чудо. Психата му помага во рехабилитацијата“ – открива пријателот на семејството Шумахер.
Портпаролката на семејството, Сабине Кем, одби да ги коментира и овие изјави, како и сите претходни, повикувајќи се на правото на приватност на Михаел Шумахер и на неговите најблиски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА