Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура се соочува со сериозен проблем во пресрет на баражот за СП против Шведска по повредата што ја заработи Симоне Заза. Овој голгетер беше најавен како стартер по извонредните настапи во дресот на Валенсија, но се пожалил на болка во левото колено и ги пропуштил последните два тренинзи на „аѕурите“. Вентура решил Заза да отпатува со остатокот од тимот за Стокхолм, но веќе е јасно дека поранешниот фудбалер на Јувентус нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги на првиот меч од овој бараж.
Италијанскиот селектор дополнително ќе реши кој ќе добие шанса во навалната линија крај Чиро Имобиле, со оглед на фактот дека и Андреа Белоти исто така не е 100% подготвен по својата повреда, па лесно може да се случи шанса да добие Едер од Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА